Во Јапонија погубен масовен убиец

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Јапонија обеси 39-годишен маж кој уби седум лица во 2008 година во Токио со нож.

Томохиро Като изврши едно од најшокантните масовни убиства во поновата јапонска историја. Тој имал 25 години кога за време на ручек со својот камион влетал во толпа пешаци во трговскиот кварт Акихабара, при што уби три лица.

Потоа тргнал во убиства, ранијќи осум лица со кама и убивајќи четворица. Тој беше уапсен на местото на настанот од страна на полицијата, а подоцна ги призна своите постапки на судењето, велејќи дека на тоа го навело малтретирањето преку Интернет.

Неговото злосторство предизвика многу дебата во јапонското општество таа година за случајните убиства, влијанието на интернетот врз овие дела и недостатокот на помош за менталното здравје за младите луѓе. Законите за сопственост на нож беа исто така заострени по неговото убиство.

Според Би-Би-Си, 39-годишниот Като бил обесен во притвор во Токио. Тоа беше прво погубување во Јапонија оваа година. Во декември минатата година три лица беа обесени, а повеќе од 100 затвореници се уште ја чекаат смртната казна.

Окружниот суд во Токио го осуди на смрт во 2011 година со образложение дека во неговото брутално злосторство нема трошка човечност. Во 2015 година ја загуби жалбата за ублажување на казната.

Јапонија останува една од ретките развиени земји кои сè уште ја користат смртната казна и е цел на критики од меѓународни и локални организации за човекови права.

Share This Article