Десет лица загинаа во поплавите и свлечиштата на индонезискиот остров Суматра, а најмалку десет се водат како исчезнати, соопштија денеска локалните власти.
Обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во провинцијата Западна Суматра, каде околу 46.000 луѓе мораа да одат во привремени засолништа.
„Десет тела се пронајдени“ во различни области во регионот, соопштија локалните власти, додавајќи дека најмалку десет лица се водат како исчезнати.
Најмалку 14 куќи беа затрупани во свлечиштето, повеќе од 20.000 куќи беа поплавени, а осум мостови се урнаа.
Во Индонезија за време на тековната сезона на дождови редовно се активираат одрони.