Во Грција зголемен бројот на заразени и починати од корона вирусот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Грција се зголемува бројот на заразени, на хоспитализирани, на приклучени на апарати, но и на починати од Ковид-19, во периодот од 4 до 10 декември, според неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Во конкретниот период регистрирани биле 48 смртни случаи на возраст од 58 до 99 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири недели.

Хоспитализирани биле 1.176 лица, за 38% повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати.

Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на претходната седмица, додека пак најзастапена подваријанта е EG.5 (Ерис) со 40%, а следи XBB.1.5 (Кракен) со 29%.

Веќе подолг период, Националната организација за јавно здравје на Грција го промени начинот на следење на Ковид-19 и извештаите што се објавуваат еднаш седмично се описни и детални, без конкретни бројки на новозаразени, како што беше случај во текот на пандемијата.

Share This Article