Во Грција уапсен е возач поради злоупотреба на животно и е казнет со 30.000 евра

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

По објавеното видео на социјалните мрежи на кое се гледа куче врзано за задниот дел на автомобил во движење, уапсен е возачот поради злоупотреба на животно и е казнет со 30.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидент се случил на грчкиот остров Закинтос, влечењето на кучето било снимено од друг автомобил, по што бил идентификуван сторителот и соодветно казнет, а надлежниот министер за полицијата Нотис Митаракис преку Твитер коментираше дека такви антиопштествени однесувања не се прифатливи.

Од грчката полиција соопштија дека е уапсен 75-годишен маж и против него е поднесена кривична пријава за прекршување на законската регулатива за животните, изречена му е административна казна од 30.000 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител на Закинтос.

Во Грција пред две години беше изгласан Законот за заштита на животните, а секоја злоупотреба се казнува.

Share This Article