More

    Во грчките болници 26 патници од автобусот од Ниш, 40 го продолжиле одморот

    spot_img

    Десет патници од автобусот од Ниш, кој во неделата доживеа тешка сообраќајна несреќа на патот меѓу Евзони и Солун, се вратиле во Србија, додека 40 ќе го продолжат одморот во Грција, дознава РТС.

    Во три грчки болници се згрижени 26 повредени патници од автобусот од Ниш. Тешко повредените се пренесени во болница во Солун. Директорот на таа болница Никос Антонакис за РТС изјави дека 18 лица биле прегледани, а 13 се хоспитализирани, меѓу кои и две деца.

    Десет српски туристи се вратија во Србија, а 40 ќе го продолжат одморот во Грција.

    Да потсетиме, четири лица загинаа, а најмалку 53 се повредени во тешка сообраќајна несреќа на патот Атина-Солун, во која учествуваа туристички автобус со српски регистарски таблички и два автомобили. Тројца сопатници од автомобилот загинале на местото на несреќата, а четвртиот, кој бил тешко повреден, им подлегнал на повредите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img