Во германско училиште повредени се 17 лица, меѓу нив и многу деца, полицијата се уште не знае што се случило
Во училиштето во Лих во областа Гисен (Хесен) во четвртокот беа повредени 17 лица, меѓу кои и голем број ученици. Наводно, повредите биле предизвикани од вдишување гас.
Полицијата во петокот објави дека истражува што се случило. „Истражуваме сомнение за нанесување телесни повреди и бараме сведоци кои ќе можат да дадат информации за тоа што се случило“, соопшти полицијата.
Имено, како што наведува полицијата во соопштението, во четвртокот попладне во училиштето „Ана Фројд“ пристигнала брза помош поради непознат мирис. Неколку лица се пожалиле на проблеми со респираторниот систем. Три лица се пренесени во болница на опсервација.
Според полицијата, пожарникарите го пребарале теренот и не го нашле изворот на гасот, пренесува магазинот Феникс.