Во Германија се сомневаат на картели кои ги договараат цените на горивата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Германскиот институт за економски истражувања бара контрола врз нафтените компании поради сомнежи за договорено зголемување на цените на нафтените деривати.

– Има само неколку рафинерии во Германија кои имаат голема моќ што се искористува – изјави Клаудија Кемферт, одговорна за енергетика во Институтот за економски истражувања (DIW).

Таа рече дека рафинериите во моментов остваруваат дополнителни приходи, што може да се докаже.

– Рекордните цени на бензинските пумпи не се должат само на порастот на цената на нафтата на светскиот пазар – рече Кемферт.
Таа побара од Федералната канцеларија за сузбивање на картелите (Bundeskartellamt) да воведе постојан механизам за контрола на ценовната политика на германските нафтени компании.

Федералното биро за сузбивање на картелите на крајот на неделата објави дека „внимателно го следи“ движењето на цените на нафтата.

– Ако цените на суровата нафта на светскиот пазар сега повторно паднат и тоа повторно не влијае на цените на германските бензински пумпи, тогаш ќе мораме уште повнимателно да следиме што се случува – рече Андреас Мунд, директор на Федералното биро за сузбивање картели.

И германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека им наложил на надлежните институции внимателно да го следат движењето на цените на дериватите.

Share This Article