Во Германија има промена со платите: Еве кои вработени ќе имаат помали плати и зошто

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Сојузната влада во Германија планира некои нови работи од 2024 година кога станува збор за осигурување, даноци и слично, па многу вработени ќе добијат помали плати. Односно, ќе се зголемат придонесите за осигурување и ќе се одземат поголема сума пари од платите, што значи помала нето-плата.

И така, додека од Нова година едни ќе имаат повисоки примања (родители, пензионери, вработени на мини работни места), други ќе работат исто време, но ќе земаат помала плата на крајот на месецот, пренесува Феникс Магазин. .

Причината се новите ограничувања за проценка на придонесите за социјално осигурување. Овие ограничувања се поставуваат секоја година од федералната влада, со планирано зголемување за 2024 година. Некои вработени тогаш ќе добијат помала плата. Вработените чии примања се под лимитот за утврдување придонеси плаќаат придонеси за социјално осигурување на целиот свој бруто приход. Работодавачот директно од платата одбива придонеси, објаснуваат експерти од осигурувањето „Бармер“.

– Германското Сојузно Министерство за труд веќе претстави нацрт за усогласување на лимитите за придонеси. Овие лимити потоа ја одредуваат бруто платата до која вработените треба да плаќаат придонеси за социјално осигурување, пишува „Chip.de“.

Вработени чија плата е поголема од лимитот за пресметување на придонесот т.н Beitragsbemessungsgrenze се обврзани да ги платат соодветните придонеси. Лицата кои претходно биле над границата за проценка, но не повеќе од новата граница, ќе добијат помала плата.

Осигурувањето за невработеност се разликува помеѓу Западна и Источна Германија.

Следниве ограничувања за проценка на придонесот се планирани за Западна Германија во 2024 година:

Пензиско осигурување – 7.550 евра месечно
Т.н. Knappschaftliche пензиско осигурување – 9.300 евра месечно
Осигурување за невработеност – 7.550 евра месечно

Федералната влада ги планира следните ограничувања за проценка на придонесите за Источна Германија за 2024 година:

- Advertisement -
Ad image

Пензиско осигурување – 7.450 евра месечно
Т.н. Knappschaftliche пензиско осигурување – 9.200 евра месечно
Осигурување за невработеност – 7.450 евра месечно

Ќе се коригира и границата за придонеси за задолжително здравствено осигурување и осигурување на негуватели. Од 1 јануари треба да изнесува 5.175 евра низ државата.

Лимитот за придонеси за задолжително здравствено осигурување е 5.175 евра месечно. Секој над лимитот плаќа повеќе придонеси.

- Advertisement -
Ad image

Зголемена е и границата на задолжително осигурување. Лимитот за задолжително осигурување за законското здравствено осигурување е 69.300 евра месечно. Секој чија плата е над оваа граница има можност да се осигура преку приватно здравствено осигурување.

Share This Article