Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNWRA) во петокот предупреди на страшната хуманитарна ситуација во Газа, откако Израел им нареди на луѓето од северниот дел на енклавата да се евакуираат на југ.
„Повикот на израелските сили да се преселат повеќе од милион цивили кои живеат во северниот дел на Газа… е ужасен. Ова само ќе доведе до невидени нивоа на мизерија и ќе го турне народот на Газа понатаму во бездната“, рече генералниот комесар на УНРВА, Филип Лазарини во изјавата.
UNWRA ги опиша размерите и брзината на хуманитарната криза како „ужасни“.
„Газа брзо станува пеколна дупка и е на работ на колапс“, се вели во извештајот.
Лазарини ги повика „сите страни и оние кои имаат влијание врз нив да стават крај на оваа трагедија и да обезбедат непосреден и безусловен хуманитарен пристап и заштита на цивилите, меѓу кои има премногу жени и деца“.