More

    Во Еквадор се маскирал како трговец со овошје

    spot_img

    Во Еквадор уапсен е Неџет Вокши, еден од најбараните од Интерпол поради меѓународна трговија со дрога, јави дописничката на МИА од Тирана.

    „Речиси 10.000 километри од неговата родна земја, Вокши (52) е уапсен во León Febres Cordero Avenue на патот кон Самборонд Еквадор. Тој е на црвената листа на Интерпол Холандија од 15 март откако истражителите го лоцирале“, пренесува АБЦ њуз.
    Според истрагата, во 2010 година тој побегнал од Холандија, чие државјанство поседувал, најпрво во Перу, а од 2018 година живеел во Еквадор со сопругата и ќерката, преминувајќи ја границата по копнен пат.

    Таму бил регистриран како трговец со овошје, исто како и во Барселона, Шпанија, што му овозможувало да ги избегнува полициските власти.

    Уапсен е додека управувал камион, а одземени му биле шест мобилни телефони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img