Во деветкатница во Одеса загинаа 17 лица, 30 се повредени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На Твитер се појавија снимки од Одеса, на кои се гледа како станбена зградa која била погодена од проектил e речиси целосно уништена. Според последните информации од украинските власти, загинале 17 лица, а повеќе од 30 се повредени, пренесува Јутарни.

 

 

Еден проектил погодил зграда во градот Билхород-Днистровски, при што загинале 14 лица, 30 се повредени, а предизвикал пожар во продавница до зградата, се наведува во соопштението на украинското Министерство за вонредни ситуации.

Портпаролот на регионалната администрација Серхиј Брачук за украинската државна телевизија изјави дека во тек е спасувачка операција бидејќи некои луѓе се затрупани под урнатините на зградата.

Друг проектил го погоди одморалиштето, рече Брачук, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а уште едно беше рането.

Ројтерс не може независно да потврди детали за инцидентите.

Share This Article