More

    Во четвртото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,94 %

    spot_img

    Во четвртото тримесечје од 2022 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,94 %, објави денеска Државниот завод за статистика.

    Од вкупно 9.699 слободни места, најголем дел односно 3.278, има во петтата група занимања „работници во услужни дејности и продажба“. Непополнети се и 1.554 работни места од занимањата „ракувачи и составувачи на машини и постројки“, 1.484 од „техничари и други сродни занимања“, 942 од „службеници“, 831 од „стручњаци и научници“, 799 од „рлементарни занимања“,  579 од „занимања за неиндустриски начин на работа во производството“,…

    Највисока стапка на слободни работни места од 3,78 % има секторот „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“, а најмала со 0,23 % во секторот „други услужни дејности“.

    Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,54 %.

    Пелагонискиот регион со 2,74 % има највисока стапка на слободни работни места.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во државава пополнети се 489.486 работни места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img