Во Бугарија нема да има рестрикции на струјата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бугарскиот вршител на должност министер за енергетика Росен Христов најави дека нема да има ограничувања за потрошувачката на струја во Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, потрошувачката во Бугарија е стабилна, а земјата произведува доволни количини и извезува електрична енергија.

Што се однесува до снабдувањето со гас, Христов беше категоричен, дека властите напорно работат на диверзификација со обезбедување независност на неговата земја со гас.

Според него, енергетскиот систем е безбеден и не се очекува режим на електрична енергија.

Во моментов, според бугарскиот министер, има тенденција за намалување на цената на бензинот.

– За 30 отсто помала е разликата во испораките на гас за септември и октомври. Ако е присутен „Газпром“, добро е, но ако не е, Бугарија ќе се снајде без него – посочи Христов.

Бугарската државна гасна компанија „Булгаргаз“ објави дека резервирала нови слотови за истовар на гас во пристаништето „Ревитуза“ во Грција.

Share This Article