Во близина на Неа Мудања на првиот крак на Халкидики попладнево е регистриран земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтер.
Епицентарот бил во морскиот дел на 12 километри југозападно од Неа Мудања, а земјотресот бил почувствуван се до Солун, па и во Бугарија.
Засега нема информации за материјална штета или за повредени лица.
По првиот, регистриран е уште еден потрес со помала јачина, односно 3,8 степени.
Земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и во Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и во Скопје со интензитет од III степени според истата скала.