Во Белград сериозно се преговара за помошта на јавниот превоз во Скопје

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Првиот човек на Слобода превоз, Ленин Јовановски на неговиот Фејсбук профил вели дека имал можност да има увид во потпишаниот договор за Јавно приватно партнерство помеѓу Градот Белград – Секретаријат за јавен превоз и приватните превозници кој може да биде и добра основа за подобар јавен градски превоз и за Скопје.

„На разговори и преглед на функционирањето на Јавниот превоз во Белград каде имав можност да имам увид во потпишаниот договорот за Јавно приватно партнерство помеѓу Град Београд – Секретаријат за јавен превоз и приватните превозници кој може да биде и добра основа за подобар Јавен градски превоз и во нашево Скопје. Меѓу другото во Белград договорена средба и пружена рака за соработка и со Тарик Озелер директор за извоз на фабриката за автобуси ‘Bristish Motor Corporation’ (BMC) моментално присутни во Белград со 170 автобуси во ГСП кои се набавени дел 2019, дел 2022 и сега во 2024 со што ќе бидат веќе 270 автобуси. ‘BMC’ кај приватните превозници е застепен со 200 автобуси од кои 150 се купени оваа година“, напиша Јовановски

Тој додаде дека добра вест е што градот Белград планира да донира автобуси од марката „Соларис“.

„Добра вест е она што е постаро од ‘Соларис’ автобусите очекуваме да се донира во Скопје. Инаку нови 6 автобуси од ‘BMC’ со мотиви од Град Скопје ќе добие и ЈСП Скопје за празникот ’13 ноември’ благодaрение на ‘UNOB’ (United Nation office in Belgrade). Работиме посветено про боно за Скопје од желба и за инат на сите тие што не знаат како да работат и оние што не сакаат да работат , а платени се за тоа. Ете кој колку може во целава лакрдија со јадниов превоз во Скопје“, потенцираше Јовановски.

Share This Article