Во Белгија за прв пат повеќе електрична енергија од обновливи извори на енергија отколку од фосилни горива

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во Белгија минатата година 27,7 отсто од електричната енергија е произведена од сончева и ветерна енергија, а за прв пат повеќе електрична енергија е добиена од обновливи извори отколку од фосилни горива.

Уделот на обновливите извори е повеќе од двојно зголемен во однос на 2019 година, кога изнесуваше 13,4 отсто, додека во 2022 година тој удел беше 19,5 отсто.

Обновливите извори, сонцето, ветерот, биомасата и отпадот, имаа удел од 30 отсто во енергетскиот микс на Белгија, според пресметката на специјализираната веб-страница Energy-charts.info, пренесе белгиската новинска агенција Белга.

Во апсолутна сума, обновливите извори со 23.460 гигават-часови произведена електрична енергија ги надминаа фосилните горива, кои произведоа 22.150 гигават-часови.

Зголемувањето на учеството на ОИЕ не е резултат само на изградбата на нови турбини на ветер и соларни панели, туку и намалувањето на производството на електрична енергија поради затворањето на два нуклеарни реактори и натамошниот пад на потрошувачката.

Во 2023 година во Белгија се произведени 76.900 гигават-часови електрична енергија, 13 отсто помалку од претходната година.

Слична е ситуацијата и во некои други земји, на пример во Германија, каде што зголемувањето на учеството на енергија од обновливи извори на повеќе од 50 отсто е резултат на инвестициите во ОИЕ и намалувањето на потрошувачката.

Share This Article