Во рамките на четвртото коло во Лигата на шампионите, ПСЖ и Бенфика одиграа 1:1, а истиот резултат беше и пред седум дена во Португалија.
ПСЖ настапи без Лионел Меси, а најдобар играч на натпреварот беше Килијан Мбапе кој погоди за 1:0.
Француските медиуми по натпреварот забележаа интересен детал, а тој е поврзан со Мбапе. Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, напиша „Килијан преф (десно)“ на бележникот, што во превод значи „Килијан го претпочита десното“.
ТВ камерите го фатија моментот, а Французите веднаш почнаа да теоретизираат.
Наводно, Мбапе уште еднаш го изразил своето незадоволство од ПСЖ и побарал да ја напушти Франција уште во јануари. Францускиот напаѓач наводно е незадоволен од статусот што го добива, па белешката во тефтерот ја поврзале со неговото незадоволство од позицијата на која игра.
Записот речиси сигурно ќе остане нерешен, а француските новинари можеби ќе продолжат да шпекулираат што точно мислел Кристоф Галтие.