Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера (04.10) во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е.(53) од село Калишта, струшко.
При преглед на патничко моторно возило „ауди” со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е. , биле пронајдени над 50 килограми марихуана.
Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и предадено на ОЈО Битола.