More

    Во април, индустриското производство во Хрватска падна петти месец по ред на годишна основа, но значително побавно од еден месец претходно

    spot_img

    Во април, индустриското производство во Хрватска падна петти месец по ред на годишна основа, но значително побавно од еден месец претходно.

    Државниот завод за статистика (ДЗС) во петокот објави дека обемот на индустриското производство во април останал непроменет во однос на претходниот месец, додека во однос на април лани е намален за 2 отсто.

    Тоа е петти месец по ред како производството паѓа на годишно ниво, но многу побавно од еден месец претходно, кога потона за 4,9 отсто.

    Во април производството на годишно ниво падна во три од пет сектори, а највисоко, за 21,2 отсто, во производството на енергија.

    Со пад од 3,8 отсто, следува производството на трајни производи за широка потрошувачка, додека пак производството на капитални производи се лизна за 1,2 отсто.

    Од друга страна, производството на интермедијарни производи на годишно ниво бележи пораст од 4,9 отсто, а на нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 отсто.

    Во првите четири месеци од годинава индустриското производство падна за 3,5 отсто на годишна основа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img