Во Албанија до сега починати 11 лица кои се имаат удавено одо недостиг на спасувачки екипи на плажите.
– Бројот на спасувачи е минимален а на одредени плажи и ги нема – објави информативниот сајт „Егзит“.
Ова е проблем веќе неколку години. Во 2014 година, Националната крајбрежна агенција обучи 41 студент по спорт како сертифицирани спасувачи, но тие никогаш не беа распоредени.
Летото 2021 година, најмалку четири лица се удавија додека пливаа долж албанскиот брег. Претходните години беа забележани повеќе несреќни случаи во текот на целата сезона.
– Според одлука на владата, секое правно лице кое има концесија на површина на плажа мора да обезбеди спасител и набљудувачка кула, но тоа не се спроведува – изјавија од сајтот.
Роберт Нечаи, потпретседател на Албанската федерација на спасувачи, рече дека многу од смртните случаи можеле да се избегнат доколку имало спасувачи на соодветните плажи.
Последен ваков случај беше минатата недела кога се удави 19- годишно момче во обид да ги спаси помалиот брат (15) и неговиот другар.