Внуката на Грејс Кели е во врска со познат Французин

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Внуката на холивудската дива и принцеза Грејс Кели и на принцот Рение на Монако, Шарлот Казираги, неодамна се раздели од сопругот Димитри Расам по четири години брак, иако однадвор тие изгледаа како совршен пар.

Шарлот (37) и Димитри (42) се венчаа двапати во јуни 2019 година. Шарлот и Димитри се свршија во март 2018 година, а во врска се од 2016. Тие го имаат синот Балтазар кој го добија во 2018 година, а Шарлот е и мајка на синот Рафаел (10) кој го доби со комичарот Гад Елмал.

 

Сепак, Шарлот не останала долго сама. Таа веќе се вљубила во друг маж, а станува збор, наводно, за познатиот и наградуван писател Николас Матје кој живее во Франција.

Она што е познато е дека Шарлот поднела барање за развод од Димитри во декември и дека нивниот брак е само формалност, а таа продолжила понатаму кога е љубовта во прашање.

Иако како причина за разделбата помеѓу Шарлот и Димитри се наведува далечината, сè уште не е познато дали тоа има некаква врска со Николас. Тој и Шарлот се фотографирани во Париз, а странските медиуми пишуваат дека двојката изгледа среќно.

 

- Advertisement -
Ad image

ФОТО: Инстаграм

Share This Article