More

    ВМРО ДПМНЕ:Наместо комплетна санација на колекторскиот систем, едно од многуте ветувања на СДСМ, охриѓани за возврат од нив добија двојно поголеми сметки

    spot_img

    Наместо комплетна санација на колекторскиот систем, едно од многуте ветувања на СДСМ, охриѓани за возврат од нив добија двојно поголеми сметки за колектор и нови непродуктивни партиски вработувања.
    Останаа само сликите и празните зборови и покрај спроведениот инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за животна средина со кој се потврдува дека се излеваат фекалии во Охридското Езеро кај Воска.
    За ваквата неспособност и тоталната незаинтересираност за заштита на животната средина и езерото неопходна е оставка од директорот на ЈП „Колекторски систем”, Владимир Алексијоски.
    Колекторот е нефункционален, а неажурноста на централната власт предводена од СДСМ да го реши проблемот е очигледна.
    СДСМ и покрај огромните финансиски средства не го исполни своето ветување за решавање на колекторскиот систем со цел граѓаните да имаат чиста и квалитетна езерска вода.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img