ВМРО-ДПМНЕ: Власта шеста година по ред изгласува сè поголем буџет, а оваа година тој изнесува цели 5,5 милијарди евра, но граѓаните шеста година по ред, сè повеќе се дават во сиромаштија, стандардот тоне, а цените во маркетите се повисоки од тие во Германија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Власта шеста година по ред изгласува сè поголем буџет, а оваа година тој изнесува цели 5,5 милијарди евра, но граѓаните шеста година по ред, сè повеќе се дават во сиромаштија, стандардот тоне, а цените во маркетите се повисоки од тие во Германија, оцени ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Според статистиките, за раст на БДП по глава на жител, од 2017 до 2023 година земјите во регионот бележат раст на БДП по глава на жител над 50%, додека Македонија за истиот период бележи раст само од 20%.

Во овие 6 години се потрошија 25 милиони евра од буџетот, а нема ни еден единствен капитален проект, кој почнал и се завршил, за време на овој период. Македонија стана убедливо најсиромашна земја по глава на жител, нас нè поминаа и Босна и Херцеговина и Албанија, во сите економски параметри.

Очигледно е тоа дека, што се потврдува и во извештајот на ЕУ, во Македонија царува корупцијата, во сите пори на општеството, а функционерите од ДУИ и СДС, само гледаат како да натоварат што повеќе милиони на своја сметка, за нив и нивните роднини“ – се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article