More

    ВМРО-ДПМНЕ: Власта не планира да запре со вработувањата во очи на изборите, мислејќи дека така ќе купи глас повеќе, а всушност купува партиски мир

    spot_img

    Веќе еден месец сме сведоци на зачестени огласи за вработување во јавната администрација. Власта не планира да запре со вработувањата во очи на изборите, мислејќи дека така ќе купи глас повеќе, а всушност купува партиски мир – реагира ВМРО-ДПМНЕ.

    „Државната ЕСМ предизборно ќе вработува речиси 550 лица. Според огласите за работа кои се објавени во дневните весници ЕСМ има потреба од нови 460 вработени.

    Нешто повеќе од 50 работници се потребни во ТЕЦ Осломеј и дваесетина нововработени во Хидроелектраната Црн Дрим, кои исто така се под државните електрани.

    СДС и ДУИ создаваат нездрава атмосфера во институциите полнејќи ги со партиски кадри пред избори.

    Најголемиот број од вработувањата кои ги реализира власта пред избори се со цел поткуп за гласање. По 7 години владеење ли се сетија дека на преполната државна администрација и треба кадар за работа? Зошто тоа не го остават за после изборите ако толку е неопходно?

    Власта забегува со крадење и дивјачко однесување. И тоа народот жестоко ќе го казни“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img