ВМРО-ДПМНЕ утре и в недела организира прв политички саем. Саемот ќе трае два дена, а партијата информира дека преку интерактивни презентации, панел дискусии, ќе се промовираат проектите кои што во изминативе 365 дена се реализирале во општините каде што градоначалници се кадри од ВМРО-ДПМНЕ.
– Саемот на промените има за цел да покаже како за само 365 дена е сменет целосно пристапот на општините кон граѓаните, приоритет се луѓето, жителите на населените места кои ги составуваат општините, проекти се реализираат секојдневно, а општинските администрации се служба на граѓаните.Нови булевари, улици, училишта, градинки, се дел од работата на градоначалниците.Многу работа, труд и посветеност на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ направија разлика која граѓаните ја препознаваат и станаа репер како треба да се работи за доброто на граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ..