ВМРО-ДПМНЕ: Цените на горивата за една година пораснале за 70 отсто, платите не пораснаа воопшто, затоа со СДСМ и ДУИ има сиромаштија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цените на горивата за една година пораснале за 70 отсто, платите не пораснаа воопшто, затоа со СДСМ и ДУИ има сиромаштија, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

– Во април 2020 година дизелот се продавал по цена од 46 денари, април 2021 година цената била 56 денари, а денес истиот се продава по цена од 75 денари, покачување од 63 отсто.Драстичен раст има и кај цената не бензинот. Тој во април 2020 година се продавал по цена од 50 денари, април 2021 по цена од 69 денари, а денес по цена од 84.5 денари, што е покачување од скоро 70 отсто велат од партијата.

Оттаму додаваат дека горивата се клучна алка во голем број индустрии, цената на сите производи во голема мера зависи од нивната цена.

– Погодени се граѓаните, транспортерите, рударството, градежништвото, буквално сите дејности. Со СДСМ и ДУИ има сиромаштија. Со СДСМ и ДУИ нема да има решение на кризата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Share This Article