ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека директори на средни училишта во Скопје не пријавиле имот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека директори на средни училишта во Скопје не пријавиле имот.
„Нема јавно објавени анкетни листови и пријавен имот Силвана Кржовска, директорка на СУГС „Јосип Броз Тито“, која доаѓа од партијата на власт ДОМ, Митко Димовски, директор на СУГС „Орце Николов“, Горанчо Николовски, директор на АСУЦ Боро Петрушевски, Тања Јовановска, директор на СУГС „Васил Антевски Дрен“ и Маја Салиу директор на СМУГС „Д-р. Панче Караѓозов“. Дали овие лица се дел аферата тајни имоти? Што кријат директорите на овие средни училишта под јурисдикција на град Скопје? И зошто не го пријавиле својот имот на увид на јавноста?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ја прашуваат Државната комисија за спречување корупција дали ќе поднесе пријави за функционерите.

Share This Article