More

    Се изгубил меѓу Ново Коњарево и границата со Бугарија

    spot_img

    По добиен повик на 112 за заглавен турски државјанин во предел меѓу село Ново Коњарево и граничниот премин со Бугарија, Регионалниот Центар за управување со кризи Струмица веднаш остварил комуникација со СВР Струмица, по што Гранична полиција Ново Село излегла на терен и го пронашла лицето, коешто живо и здраво безбедно е извлечено од теренот, соопшти

    Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    ЦУК апелира на внимателност при прошетките во природа, на повисоките места и планините во нашата држава бидејќи при зимски услови на места со снег и мраз е лизгаво, особено на осоите на почетокот и на крајот од денот.

    Центарот информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.169 повици на Единствениот број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 36,42 отсто, а 63,58 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

    Кон Полиција биле упатени 57,85 отсто од повиците, кон Итната медицинска помош 31,42 отсто, а кон пожарникарите 9,20 отсто од реалните повици кон 112.

    Пожари на шуми и вегетација на отворено во државата сè уште има според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи. Во последното деноноќие имало десетина пријавени пожари за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата.

    ЦУК апелира да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух. Граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img