More

    ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека МВР и ОЈО подготвуваат нова операција „кабелот е крив“

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека и по откривањето на скандалот во Онкологија годинава продолжило истото однесување во Клиниката со што се зголемил бројот на жртви, а не се преземени никакви мерки од институциите тоа да се спречи.

    -До ВМРО-ДПМНЕ пристигнаа мноштво нови сведоштва, сознанија и документи кои најавуваат дека овој епски скандал се случувал и во текот на 2023 година, односно со месеци и години откако јавноста била алармирана, што го прави уште помонструозен.  МВР и Обвинителството со месеци молчеле и дозволиле десетици и стотици пациенти да бидат жртви. Всушност овие институции и веќе два месеци молчат, откако направија увид во клиниката, и после два месеци нема никаква реакција ниту поднесок. Веројатно во органите на прогонот во тек е операција „продолжниот кабел е виновен” и за овој случај на Онкологија – велат ов ВМРО-ДПМНЕ.

    Партијата се потсетува дека анкетната Комисија на собранието на виделина ги извади сите аспекти на грозоморниот скандал со клиниката за Онкологија.

    -На оваа клиника најтешките пациенти се соочувале со хорор, недостаток на термини, недостаток на терапија, продажба на терапијата на црно, злоупотреби и низа на пропусти кои ги нотирале дури и ревизорските извештаи.Овие проблеми траеле со месеци па дури и две години наназад и за истото беше говорено во јавноста, но надлежните институции ништо не преземале туку дозволувале некој на грбот на најтешко болните да прави бизнис.Впрочем ако видиме како  пред Анкетната комисија во Собранието дрско и индолентно одговараа поранешниот директор и поранешниот министер (Венко) Филипче за овој скандал, тогаш се добива целосната слика како овие кадри се интересирале и што преземале за целиот случај. Скандалот на Онкологија е најгрозоморниот и најмонструозниот скандал кој се случил во Македонија – велат од опозициската партија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img