СДСМ и Димитар Ковачевски ретерираа од Илинденската декларација, потпишани се само 17 пратеници, под притисок на Бугарија молчат, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„СДСМ и Ковачевски молчат за криминалот, а им молчат и на Бугарите за Илинденската декларација, која испари под притисок на Бугарија. Од поднесената декларација до Собранието може да се види дека само 17 пратеници од власта се потпишани на неа, од кои 16 од СДСМ и само еден коалиционен партнер. Ги нема останатите коалициони партнери на СДСМ и ДУИ“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ во соопштението испратено до медиумите.
Таму се вели дека СДСМ и Ковачевски со денови не ја спомнуваат декларацијата која помпезно ја најавуваа.
„Дали власта мора да молчи поради притисокот од Бугарија? Лицемерието на СДС излезе на површина. ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа СДС да ја пушти декларацијата, а потоа на истата ќе поднесеме суштински амандмани на линија на македонските интереси. Дали СДС воопшто нема да смее да ја стави истата во процедура?“, додаваат од партијата.