СДСМ и Димитар Ковачевски, како наследници на комунистичкиот режим, треба веднаш да им се извинат на граѓаните, и семејствата на жртвите од комунистичкиот режим – побара ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.„Истиот тој режим на кои се наследници СДС, направи прогон на плејада чинители на македонската интелигенција кои биле ликвидирани од овој режим. Такви ликвидации од комунистичкиот режим во Македонија има многу и СДС и Ковачевски треба во очи да ги погледнат, граѓаните но и фамилиите и блиските луѓе на убиените и да ги слушне нивните приказни за нивната жртва за самостојноста на Македонија. Треба да ги слушнат кажувањата и делата на Петре Пирузе, Панко Брашнаров, Михајло Апостолски, Благоја Шамбевски, Ристо Шишков, Драган Богдановски. Овие луѓе биле измачувани по темни затвори и Голи отоци заради нивната идеја за самостојноста на државата. Нека соберат храброст, СДС и Ковачевски и нека се извинат за делувањето и дејствата на комунистичкиот режим на кои се наследници. Нема да има помирување додека не се исправи неправдата нанесена од комунистичкиот режим, режим кој го убиваше стремежот за слободна и независна Македонија“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.