Владата на Димитар Ковачевски направи циркуз од државата на секое поле.
Со СДС и ДУИ од држава којашто беше лидер во регионот и во држеше приматот долго години таа стана типичен пример за потсмев.
Со СДС и ДУИ има криза во безбедноста на авиосообраќајот во Македонија со поднесените оставки од страна на раководителите, а тоа се рефлектира и во Охрид во Одделението за воздухопловна техника.
Министерот Благој Бочварски наместо да се фокусира на доизградбата на автопатот Кичево-Охрид ќе помагал и ќе решавал спорови во М-НАВ.
Со СДС и ДУИ има само незаконски огласи и уште ова не беше случено т.е. кандидатите кои поминале на контроверзните огласи за инженерскиот дел да избегаат од тестовите за селекција.
Ова ли е таа европска селекција на кандидати за инженерскиот дел во Контролата на летање во М-НАВ?
Се додека СДС и ДУИ се на власт, Македонија нема да има праведен и европски систем.
Едноставно кажано во Македонија никогаш не се живеело полошо од сега со оваа власт на ДУИ и СДС.
Важно е да ги поразиме!
Потребни се промени веднаш!