Продолжува серијалот на „грејната сезона“ и „изгубени во вселената“ соопштенија, пресови и реакции.
СДС Охрид се последни кои имаат лице да зборуваат за отчет за сработеното и партизација на Општината.
Најкриминалната партија со најнеспособните раководства се одважи без трошка срам да го обвинува градоначалникот Кирил Пецаков и Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Да ја прашаме гласноговорничката Лионела Јаковлева додека стоеше пред Општината и држеше прес случајно можеби да не требаше да држи настава?
И да, уште ли има онлајн настава во училиштето од каде зема плата од охриѓани и кое е впрочем најтипичен пример за претворање во партиски штаб?
Јаковлева не е во емисија, туку е вклучена во образование и најпрвин нека го пополни е-дневникот за работа, извештаите за одржани родителски средби, записниците од советите на паралелка, дополнителната и додатната настава и дури потоа може да зборуваме за совесно работење.
Нам ни е јасно и не очекуваме ништо повеќе знаејќи дека партиските диктирања се клаисчна заложба и доаѓаат од најнеспособниот просветен работник и пратеник, „џелат“ во образованието во Охрид.
Доволно јасно е колку надлежните институции раководени од СДС си ја вршат работата и колку нивните кадри насекаде низ градот создаваат хаос и го уништуваат Охрид.
Наместо да си ја свиткаат опашката и да молчат за темите за кои имаа и имаат време да сработат и направат нешто со автопатот, базенот и ред други излажани проекти тие кажуваат бајки и хумористични приказни.
СДС Охрид за брзо ќе отпатува во неповрат како казна наплатена од охриѓани!