More

    ВМРО ДПМНЕ – Огласот за 500 нововработени во ЕСМ е само еден дел од бранот полнење на администрацијата пред избори

    spot_img

    Власта да запре со предизборните вработувања, институциите да распишат огласи по изборите, побара ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.

    „Власта ги полни институциите со партиски кадри како да нема утре. Огласот за 500 нововработени во ЕСМ е само еден дел од бранот полнење на администрацијата пред избори.

    Зошто, ако имало потреба за нови дури 500 вработувања во ЕСМ, тоа не било направено пред една година? Како одеднаш се појавила потреба за дури 500 вработувања?

    Очигледна е намерата на власта со овие 500 вработувања да се обиде да ги манипулира лицата кои ќе ги вработи во изборни цели. И не е само ЕСМ, нови 41 вработување има и во ФЗОМ.

    ВМРО-ДПМНЕ предложи доколку овој или било кој оглас е итен и неопходен, тој да се спроведе од институциите по изборите. Секое полнење на администрација пред избори не може да се сфати поинаку освен како изборен поткуп“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img