ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски сѐ уште молчи и не ги демантира информациите дека уставните измени опфаќаат и претворање на Македонија во бинационална држава,

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ковачевски сѐ уште молчи и не ги демантира информациите дека уставните измени опфаќаат и претворање на Македонија во бинационална држава, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема демант дали Ковачевски и Ахмети договараат редефинирање на Македонија како држава, да биде бинационална држава, во која ќе постојат два народа, неколку етнички заедници, кои сега се дел од народ во рамки на Преамбулата на македонскиот Устав и сето останато, кое ќе биде над одреден процент поврзан со минатогодишниот т.н. попис, да бидат малцинство.
Јасна е концесијата која Ковачевски ја има кон ДУИ, од каде добива финансиски надокнади, но треба да издржи уште само неколку месеци, да не прави дополнителна штета на македонскиот идентитет“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму дадаваат дека „новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да стане бинационална држава и ќе направи сѐ, за да го поврати продадениот македонски идентитет од СДС и ДУИ“.

Share This Article