More

    ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги понижува жртвите од Втората светска војна и Илинденците

    spot_img

    Предавникот (Димитар) Ковачевски ќе лежи во затвор за тоа што и го прави на Македонија и на народот. Предавникот Ковачевски спротивно на волјата на народот го турка предлогот за бугаризација. Во тоа свое предавство сака да ги вовлече и пратениците од СДСМ кои во Собрание треба да ја гласаат информацијата, се вели во соопштението испратено од ВМРО-ДПМНЕ.

    „Предавникот Ковачевски игнорира народ кој секојдневно излегува на улица и кажува НЕ за ултиматум, НЕ за бугаризација. Предавникот Ковачевски е подготвен да го жртвува јазикот, историјата и идентитетот. Власта свесно ја понижува државата, и жртвата на народот во Втората светска војна и Илинденците, кога сме биле на вистинската страна на историјата. Ковачевски сака да ја ретушира историјата“, додаваат од партијата.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за ваквиот однос на Ковачевски кон државата и кон народот ќе има одговорност.

    „Ковачевски треба да знае дека ќе одговара за сите злодела кои ги направил. Одговорност ќе има“, се вели во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img