ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОТСЕТИ ГРУБИ НА „ЛЕГЕНДАТА“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Очајот на власта на ДУИ и СДС е правопропорционален со лагите на Груби кои јавно ги измесува. Судејќи според последното интервју на Груби, очајот достигнал алармантно ниво. Конфузните и контрадикторните изјави на Груби се доказ дека е нервозен. Може да се прави паднат од Марс, но и врапците знаат дека стои позади секој поголем криминал или коруптивна зделка во Македонија и за тоа ќе има одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ на вечерашните изјави на првиот вицепремиер во емисијата „Само интервју“.

„Груби сака намерно да заборави некои работи или истите да ги покрие со некои негови фикции. Во една од канцелариите во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ има една фотелја, за која легендата вели дека Груби направил дупка од седење во време на претходното раководство на партијата. Ако сака и ако е спремен може да го потсетиме на часовите поминати во штабот на ВМРО-ДПМНЕ и на фалбите за другарувањето со Груевски и со Мијалков“, се наведува во соопштението од опозициската партија.

Share This Article