More

    ВМРО ДПМНЕ : Функционерите и структурите на СДСМ и околу Димитар Ковачевски се во криминална коалиција со наркобандите во Македонија

    spot_img

    Функционерите и структурите на СДСМ и околу Димитар Ковачевски се во криминална коалиција со наркобандите во Македонија и се посветени само на тоа каде да дозволат и да набават кокаин.
    СДСМ дозволува лица корисници на дроги да извршуваат јавни функции и истите да одлучуваат за судбината на многу луѓе.
    Почитувана јавност,
    Лицето за кое СДС држи пресови по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешено од местото Претседател на Месниот Комитет Пештани во Охрид. Тој во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата.
    Градоначалникот на Општина Охрид, д-р Кирил Пецаков ќе побара од Директорката на училиштето каде работи поведување на дисциплинска постапка за прекинување на работниот однос.
    ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност.
    ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш и никого да штити што се огрешил пред законот и секој е лично одговорен за сопствените постапки.
    За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДС и институциите кои ги води сѐ уште не преземаат никакви мерки за Претседателката на СДС Охрид, Кристина Крлеска-Деспотоска која преку фалсификат документи стана директорка на Централниот регистар на Република Македонија, за што имаше уредна пријава од ВМРО-ДПМНЕ до ДКСК.
    Со почит,
    Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img