More

    ВМРО-ДПМНЕ: Фотографијата која што ја лиферуваа на Гордана Силјановска со Андреј Ковачев е стара најмалку 5 години

    spot_img

    ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ дека со фотографија снимена пред 5 години шири лажни вести дека кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова се фотографирала со Андреј Ковачев во рамки на актуелниот Конгрес на ЕПП во Букурешт.

    „СДСМ се фатени живи како шират лажни вести. Фотографијата која што ја лиферуваа на Гордана Силјановска со Андреј Ковачев е стара најмалку 5 години, и е настаната при случајна средба на еден од заедничките европски настани. Да потсетиме таа е од времето кога Бојко Борисов беше брат на лидерот на СДСМ Зоран Заев, а од страна на Стево Пендаровски беше поздравуван со ‘љубави’“, се наведува во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата очекуваат СДСМ да се извини поради, како што велат, ширењето вакви брутални лаги кои што се супститут на очигледната безидејност на нивната партија.

    „Најдобар доказ дека ова е стара фотографија е фотографијата на Андреј Ковачев од 2024 година, (објавена подолу). Гордана Силјановска во рамките на Конгресот на ЕПП во Букурешт нема никаква средба со Андреј Ковачев“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img