ВМРО-ДПМНЕ: Додека народот се чуди како да плати сметки, Крлеска-Деспотоска кажува приказни и лаги во кои повеќе никој не верува!

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Додека народот се чуди како да плати сметки, Крлеска-Деспотоска кажува приказни и лаги во кои повеќе никој не верува!
Граѓаните се уморни од лица како Крлеска-Деспотоска и тие околу неа.
Крлеска-Деспотоска да се заврти надесно и нека го праша Директорот на државното претпријатие ,,Колектор” колку и дали цената на колекторот е поскапена двојно?
Нека се заврти налево и нека ја праша Жаклина Лазаревска колку е поскапена цената на струјата, на горивата, на плинот?
Но може да ја сфатиме Крлеска-Деспотоска дека не чувствува економска криза бидејќи Владата за едни дели пари и враќа долгови на блиски фирми до неа за разлика од обичните граѓани.
Во нивниот паралелен свет тече мед и млеко, а во реалниот свет на обичните граѓани има беспарица, невработеност и сиромаштија која расте.
Крлеска-Деспотоска да одговори дали поскапената цена на струјата ќе значи и поскапување на водата за пиење?
Сите знаат дека СДСМ ја покачи цената на струјата за 30% само Крлеска-Деспотоска не.
Да ја потсетиме дека ефектите од нивните лоши политики се поголема сиромаштија, уништен стандард, најнизок раст на економија и зголемен долг.
Што да се очекува од истите луѓе, истите лаги, истото потценување на граѓаните.
Предвремени парламентарни избори за да се ослободат државните институции од канџите на СДСМ.

Share This Article