Според обработени повеќе 99,6% податоци од изборните места од Државната изборна комисија, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во новиот парламент ќе има 58 пратенички места, ДУИ 19, СДСМ 18, коалицијата ВРЕДИ 13 пратеници, додека движењето ЗНАМ и Левица имаат по 6 мандати.
Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.
Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори, почнува да тече од конститутивната седница на Собранието.
Во врска со претседателските избори, пак, по пребројани 99,82 отсто од избирачите, Гордана Силјановска-Давкова има 560.170 гласа, а Стево Пендаровски 251.541.