More

    Вљубениците во природните појави на небото синоќа го следеа метеорскиот дожд Персеиди од различни локации во светот, а оваа фасцинантна појава се следеше и во Македонија

    spot_img

    Вљубениците во природните појави на небото синоќа го следеа метеорскиот дожд Персеиди од различни локации во светот, а оваа фасцинантна појава се следеше и во Македонија, пишува Би-би-си.

    Феноменот носи до 100 метеори на час, кои стануваат видливи кога Земјата поминува низ облаци од честички прав оставен од кометата Свифт-Татл.

    Фрагменти од карпа исфрлена од јадрото на кометата паѓаат во атмосферата на Земјата и согоруваат во неа светкајќи како ѕвезди.

    Овој метеорски дожд е активен од 17 јули, па сè до 24 август, додека максимумот речиси секогаш е на 12 август. Оваа година, својот врв го достигна во ноќта помеѓу 12 и 13 август.

     

    Метеорите, кои можат да бидат мали како зрно песок или големи како грашок, навлегуваат во Земјината атмосфера со брзина од 215.000 километри на час. Тие не претставуваат никаква опасност за нас на Земјата.

    Овој метеорски дожд се смета за еден од најсаканите астрономски настани, а бидејќи може да се набљудува секоја година, тој е еден од поактивните.

     

     

    Оваа година, мрежата „Ол скај фајрбол“ на НАСА, која набљудува метеори користејќи мрежа од камери, го откри првиот Персеид на 26 јули.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img