More

    Влезот на Украина во НАТО ќе доведе до Трета светска војна

    spot_img

    Приклучувањето на Украина во НАТО може да доведе до Трета светска војна и самото НАТО тоа го сфаќа, изјави заменик-секретарот на рускиот Совет за национална безбедност, Александар Венедиктов, во интервју за ТАСС.

    Вендиктов кажа дека украинското барање за брзо членство во НАТО е „повеќе пропаганден потег”.

    – Киев е свесен дека таков чекор значи загарантирана ескалација за Третата светска војна – рече Венедиктов.

    „Очигледно, тие сметаат на тоа, да создадат информативна врева и уште еднаш да го свртат вниманието кон себе”, истакна Венедиктов.

    – Но, имајќи предвид дека многу членови на режимот во Киев не се во допир со реалноста, не би бил изненаден доколку некои луѓе таму навистина очекуваат нивната земја да биде примена во НАТО – рече тој.

    „Ние сме, исто така, свесни дека, и покрај декларациите за директно невклучување во настаните во Украина, вистинските дејствија што ги преземаа западњаците покажуваат дека тие се директна страна во конфликтот”, рече рускиот висок безбедносен претставник.

    Тој додаде дека приемот на Украина во НАТО ќе значи автоматско активирање на членот 5, кој гарантира дека земјите од НАТО ќе учествуваат во одбраната на членка која е во војна.

    – Самите членки на НАТО ја разбираат самоубиствената природа на овој чекор – рече тој, мислејќи на приемот на Украина во НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img