More

    Влезот на руската војска во Донбас е исто што и окупација

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин денеска од рускиот Парламент побара официјална дозвола за употреба на воена сила надвор од границите на земјата, пишува „Вашингтон пост“. Потегот беше осуден од САД, за кои влегувањето на руска војска во Источна Украина е исто што и окупација.

    Се очекува пратениците на денешната седница експресно да го прифатат барањето на претседателот. Се работи за писмото на Путин до Горниот дом на парламентот кое го формализира руското воено распоредување во бунтовничките региони во источна Украина, само еден ден откако рускиот претседател ја призна нивната независност.

    Ова писмено барање, исто така, може да ја најави и намерата на Путин да изврши поширок напад врз Украина.Западните лидери претходно изјавија дека руските сили веќе се преселени на истокот од земјата.

    Додека тензиите растат, некои европски земји веќе воведоа првични санкции кон Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img