Властите во Киев наредија спроведување на казнени мерки против 7 високи црковни великодостојници на Украинската православна црква

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Властите во Киев наредија спроведување на казнени мерки против 7 високи црковни великодостојници на Украинската православна црква (УПЦ), која има повеќевековни врски со Москва и е под се поголем притисок од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

– Правиме се за да се осигураме дека државата агресор не може да влече конци што би можеле да предизвикаат страдање на украинското општество – рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, објавувајќи ги мерките во синоќешното видео-обраќање.Според наредбата издадена од Советот за безбедност на Украина, на свештениците им е одземен имотот и тие се предмет на забрана за голем број економски и правни активности, како и де факто забрана за патување.

Украинскиот совет за безбедност минатиот месец нареди истрага за активностите на УПЦ, а се разгледува и легислатива за ограничување на нејзините активности.

Share This Article