Властите треба да се плашат од народот, а не обратно

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Неколку стотици студенти утрово тргнаа од кампусот на Универзитетот во Нови Сад во протестна прошетка низ градските булевари, блокирајќи една од најпрометните крстосници во близина на трговскиот центар „Променада“.

Студентите дуваат во свирчиња и „вувузели“, а во рацете носат индекси. На транспаренти се испишани пораки како „Народот не треба да се плаши од власта, туку власта од народот“, „Мама не ме научи да молчам“ и „Корупцијата е многу кринџ“.

Во 11:52 часот, на крстосницата оддадоа почит во тишина за 15-те жртви од несреќата на железничката станица во Нови Сад.

Студентскиот лидер, Бранислав Ѓорѓевиќ, најави дека во понеделник студентите ќе протестираат пред Собранието на Нови Сад, каде што треба да се расправа за градскиот буџет.

– Властите повеќе не можат да бегаат од нас. Ќе мора да соберат храброст и да ни погледнат в очи пред да донесуваат одлуки автоматски – рече Ѓорѓевиќ.

Share This Article