Уставните измени мора да се случат, бидејќи без нив Македонија е во регрес, во статус кво и не може да оди напред и од овој процес апсолутно најголем добитник е македонскиот народ во РСМ, изјави денеска првиот потпретседател во Владата Артан Груби. Тој посочува дека проевропското крило во опозицијата е во подем во Собранието и оти ќе даде поддршка за уставните измени и оти веќе има контакти и комуникација со пратениците и со претседателите на политичките партии за, како што рече, начин на којшто и тие ќе ја дадат својата поддршка за европска Македонија.
– Сакам да појаснам дека уставните измени не дека ќе се случат, мора да се случат. Без уставните измени Македонија е во регрес. Без уставните измени Македонија е во статус кво и не може да оди напред и затоа секој што сака европска Македонија, секој што сака развој, секој што сака да ја види нашата земја рамо до рамо со членките на ЕУ ќе даде поддршка за уставните измени од коишто најголем добитник е македонската заедница во Република Северна Македонија затоа што конечно, конечно се прави одвојување на македонскиот народ од бугарскиот народ. И тоа со прифаќање на самиот бугарски народ којшто имаше други претензии. Како што знаете, се до вчера. Од овој процес најголем добитник апсолутно е првенствено македонскиот народ во РСМ и сите граѓани на државата затоа што сметам дека се заокружува целокупната тапија на државноста на РСМ – изјави Груби кој денеска беше во Арачиново.
Според него, се потврдува од страна на Бугарите дека има апсолутно одвојување, дека постои македонскиот народ и македонскиот јазик и дека тоа е реалност и они го прифаќаат тоа со овие уставни измени.
– Значи, имаме посебна заедница на Бугарите во РСМ која што не е повеќе од 3 500 граѓани како што видовме со последниот попис и дека сите други се Македонци кои зборуваат македонски јазик и се дел од македонскиот народ – вели Груби.
Првиот вицепремиер смета дека „проевропското крило кое што е во подем во опозицијата во Собранието ќе даде поддршка за уставните измени и веќе имаме контакти, комуницираме со пратениците, комуницираме со претседателите на политичките партии за начин на којшто и они ќе ја дадат својата поддршка за европска Македонија“.
Прашан за тоа колку Македонци работат во Министерството за политички систем, Груби рече дека има Македонци, Роми, Турци и оти во рамките на Министерството е и Агенцијата за немнозински заедници каде што се сите заедници, Управата за култура, Управата за образование на заедниците исто така, така што не ја знае точната процентуална застапеност.
– Распределбата се случи и се уште е во тек, се уште имаме помалку од стотина од тие 1 500 коишто беа распределени, коишто се распределуваат па ќе треба да направиме нова калкулација на тоа кои се останати во Министерството, а кои се заминати. Но, на последниот конкурс најмалку 12 Македонци ги примивме на работа – рече Груби.
Тој рече дека жали што не мнозинството Македонци не го поддржале Фестивалот за одбележување на Орхидскиот договор.
-Имавме одлична политичка школа за млади лидери на која што учествуваа и Македонци, Албанци, Роми, Турци, Власи, Срби и од сите заедници и би сакал да добијам општествена поддршка за такви активности, додека фестивалот жалам што не наиде на поддршка кај мнозинството македонски граѓани и што на хистеричен начин јавноста реагираше на која било можност еден Македонец да пее на еден фестивал на којшто се одбележува 13 Август – Денот на Охридскиот рамковен договор. Навистина жалам што од целото општество никој не застана во одбрана на еден Македонец којшто би присуствувал на таков еден заеднички настан со којшто би одбележале потпишување на мировен договор којшто го потпишаа и сите македонски политички партии и впрочем денеска е Устав на РСМ, рече Груби.