More

    Власта не се снаоѓа со крахот на бизнисот

    spot_img

    Недостигот на работници, инвестициската неизвесност поради скапите кредити и несигурноста по намалените нарачки од партнерите во странство се главните причини за намалувањето на производството во индустријата изминатите месеци, велат бизнисмени и економисти.

    Тие велат дека за да се подобри состојбата треба да се отстранат неизвесностите, а потребна е и помош од државата преку поевтини кредити за подобрување на продуктивноста.

    Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека неколку месеци со ред индустриското производство опаѓа, а кумулативно бележи минимален раст или стагнира. За август тие покажуваат пад на производството од 5,1%, а кумулативно јануари-август минимален раст од 0,3%. Рударството бележи опаѓање од 8,5%, преработувачка индустрија од 5,5%, а енергетиката од 5,7%. Пад на производството е забележан и кај извозните компании, што пак, може да се одрази и на крајните резултати на трговската размена.

    Ангел Димитров, сопственик на конфекцијата „Мода“ од Свети Николе вели дека 3 причини се поврзани со намалувањето на производството, посебно во текстилниот сектор.

    – Недостигот на работна сила, намалените нарачки од странските партнери и високите камати на кредитите се главните причини за намаленото производство во овој и во другите сектори. Недостигот на работници е проблем кој не влијае на производството бидејќи без нив нема како да се реализира, туку и на идните планови за ширење на компаниите, на инвестициите во нови машини и опрема бидејќи несигурноста околу тоа кој ќе го работи планираното ги одвраќа компаниите од нови инвестиции. Поради високата инфлација и растот на референтната каматна стапка и кредитите на компаниите поскапеа, па така дел од нив се соочуваат со фактот дека ратите им се повисоки, а друг дел размислуваат дали треба да земат толку скапи кредити. Во текстилот проблем е и тоа што странските партнери од различни причини ги намалуваат нарачките или се преориентираат кон други региони каде што производството е поевтино – вели Димитров.

    Дека проблемот со работната рака се продлабочува говорат и статистичките податоци според кои бројот на работници во индустријата се зголемил само за 1%. Освен производство, секторот рударство се соочува и со намалување на работниот кадар, односно за една година бројот на вработени во рударските комбинати е помал за близу 2%. Во енергетскиот сектор бројот на вработени е намален за 6%. Во преработувачката индустрија во август годинава има за 1,9% отсто повеќе вработени од август лани. Но во најголемиот број сектори тој број е во минус.

    – Трудоинтензивните дејности имаат намалување на бројот на работници, а тоа ја прави неизвесна иднината на компаниите. Дел од сопствениците поради овој проблем ги затворија компаниите и преминаа во други дејности – хотелиерство, отворија ресторани или погони за полнење вода, каде што е потребно да се вработат помал број работници. Тоа е реално бидејќи во конфекција им требаат 200 работници, а во хотелски капацитет или ресторан им требаат најмногу 50. Тие сега не го чувствуваат тој притисок како да обезбедат работници – вели Димитров.

    Според него, состојбата е слична и во другите дејности каде што е потребна работна сила.

    Драстичното поскапување на кредитите што е еден од проблемите на компаниите го покажаа и последните податоци на Народната банка, според кои каматни стапки кај новоодобрените кредити на компаниите за една година пораснале за 2%.

    Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во август, остана иста како и во јули од 5,36 отсто, додека на годишна основа оваа каматна стапка е повисока за 1,81%. Во август, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,73 отсто и забележа месечен пад од 0,02%.

    Кога индустриското производство стагнира или бележи пад треба да ги загрижи институциите дека треба да преземат нешто за да го намалат тој удар врз економскиот раст, велат економисти.

    – Ако не се променат некои параметри кои влијаат на растот на економијата, може да се очекува тој годинава да биде под проектираниот. Податоците за индустриското производство се на ниво на стагнација, ако се гледаат кумулативно јануари-август, но факт е дека во одделни месеци производството опаѓа. Во август тој пад е 5,1% што не е малку. Тоа покажува дека имаме одредена неизвесност кај компаниите за тоа што ќе се случува во наредниот период. Дополнително не се знае што ќе се случува со најголемиот наш трговски партнер, Германија, и тоа влијае на неизвесноста. Одредена неизвесност за компаниите е и тоа што поради борбата со инфлацијата Народната банка редовно ја зголемува референтната каматна стапка, што значи дека поскапуваат и парите кои би се позајмиле за одредени нови инвестиции во подобрување на продуктивност. Сето тоа влијае на намалување на економската активност – вели економистот Маријанчо Николов.

    Според него, на владата сега ѝ останува да направи детална анализа на состојбата и заедно со стопанските комори да разгледа можности за некакви пакети за помош на компаниите.

    – Најдобра во вакви услови би била поддршката преку кредитирање на компаниите за продуктивност – купување на машини, опрема…, за подобрување на конкурентноста и за зголемување на производството со цел да не се затвораат компании и отпуштаат работници кои ќе заминат во странство. Потоа проблемот многу потешко се решава со нови работници – додава Николов.

    Во земјава, според одредени пресметки на владата, потребни се повеќе од 10.000 работници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img