More

    Владо Недановски повеќе не е тренер ракометниот клуб Вардар

    spot_img

    Владо Недановски повеќе не е тренер ракометниот клуб Вардар.

    За крајот на соработката со досегашниот тренер „црвено-црните“ информираа попладнево преку соопштение кое го пренесуваме во целост:

    „Почитувани навивачи на Вардар, поддржувачи, спонзори и сите оние на кои „црвено-црната“ боја им значи нешто.

    Вардар отсекогаш имал цел високи цели, се борел за титули, за висок пласман, и така ќе биде и во иднина. Горди сме што и покриј сите пречки кои стојат на патот на успехот, во изминатите години, па и сега, успеавме да го стабилизираме клубот, и да направиме чекори со кои повторно се враќаме на местото каде заслужуваме да бидеме.

    Благодарни сме им на сите кои го поддржуваат клубот, на сите спонзори кои веруваат во Вардар. На добар пат сме клубот целосно финансиски да се консолидира, во многу брзо време, и сакам да упатам благодарност и до Министерот за спорт, Борко Ристовски кој првпат обезбеди средства за клубовите кои играат во Европа.

    На тој пат до големи успеси секогаш ќе има ситуации кои треба да се решаваат, и понекогаш да бидат и „болни“. Пријателствата остануваат пријателства, но во професионализмот најголемо мерило се резултатите. Затоа сметаме дека во овој момент треба нешто да се смени и кај нас. Потребна е промена која ќе донесе нова сила, нов мотив за докажување, и на крајот и резултати.

    Последните четири години клубот двапати освојуваше двојна круна, и уште еден Куп на Македонија, и игравме во осмина-финалето на Лига на шампионите. На клупата на Вардар во тој период беше Владо Недановски кој ја доби нашата целосна поддршка, како човек кој долги години е лојален на клубот, и беше дел и од шампионската екипа на Вардар од Келн. Сакам да му изразам благодарност на Недановски за неговата професионална посветеност во тој период и напорите кои ги вложи за постигнување на резултатите.

    Нашите планови, желби и амбиции се годинава да ја вратиме титултата, да го освоим екупот и достојно да се презентираме во Лига Европа. Сакајќи да ја вратиме титулата, пред почеток на сезонава се засиливме со доста квалитетни играчи: Танкоски, Стојановски, Еспиња, Горига, Коиј, Ашраф, Пинто и Крсманчиќ. Со овие засилувања оценката на стручниот штаб и на клубот беше дека екипата е најмалку 30 отсто посилна од лани и желбите и целта беа да се освои титулата, купот и достојно да се претставиме во Лига Европа. Дополнително го ангажиравмне и Вуко Борозан.

    За жал имавме неколку пехови со повреди на играчи, Пинто, Горига, Јагуриновски, Танкоски, а свесен сум дека треба период на воигрување на тимот. Меѓутоа во првото коло не изнанади Алкалоид, и тие покрај Вардар и Еурофарм Пелистер станаа сериозен кандидат за титулата. Меѓутоа првенството е долго, ќе има и други изненадувања, и се надевам дека ние нашата зацртана цел ќе ја реализираме.

    Со сегашниот тренер Владо Недановски заеднички се договоривме дека во овој момент, и во интерес на клубот е најдобро некој друг тренер да продолжи со тимот, и да се обидеме заеднички да го оствариме она што е наша цел сезонава.

    Во овој период е тешко да се најде квалитетен а слободен тренер, но веќе преговараме со тројца добри тренери, кои не се од блиското опркужување. Сигурен сум дека до среда (30 октомври) ќе го имаме името на новиот тренер. За сите условот е најдоцна до 15 ноември да почнат да работат со тимот. До тогаш тимот ќе го води Стојанче Стоилов, сегашниот помошник тренер.

    Во ракомет е пракса дека кога нешто не оди, прво да се смени тренерот, иако не сме задоволни ниту од дел од играчите кои не го дадоа она што го очекуваме од нив, и тие треба да се замислат за својот иден статус во РК Вардар. Најважно е максимумот да го дадат на тренинзите, бидејќи како се тренира, така и се игра.

    Со досегашниот тренер, Владо Недановски пријателски се договоривме да остане и понатаму дел од клубот, и заедно сите да работиме на постигнување на подобри резултати на сите полиња. Верувам дека ќе успееме во тоа, бидејќи патот е веќе трасиран, и треба само да бидеме упорни во одењето кон врвот“, се вели во соопштението на поранешниот двократен европски шампион.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img