Под слоганот ,,Слушнете ја иднината” владата денеска ќе одржи седница на која заедно со премиерот и министрите ќе присуствуваат и деца, соопшти владината прес-служба.
Седницата е по повод Светскиот ден на детето.
На седницата децата, премиерот и министрите ќе разговараат за климатска и еколошка криза, напредни технологии и демографски промени.
Организатори на настанот се Владата и УНИЦЕФ.
По завршување на настанот премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција.